100 години од раѓањето на Блаже КонескиДенес, 19 декември, се одбележуваат 100 години од раѓањето на големиот Блаже Конески. Нашето училиште „Вук Караџиќ“- Куманово се придружува кон активностите по повод чествувањето на овој голем македонски деец. Во таа чест, ученикот Тео Додевски од 9-1 одд, под менторство на проф. Николче Јакимовски зеде учество на ораторски натпревар, организиран од училиштето „Св. Климент Охридски“- Прилеп. Нека му е честит роденденот на Блаже Конески, токму на православниот празник Св. Никола.
Одбележување на празникот Св. СаваНа ден 26. 01. 2018 година по повод одбележување на празникот Св. Сава се одржа манифестација во МКЦ - Козјак Куманово.
На свечената манифестација учествуваа и ученици од ООУ,,Вук Караџиќ" - Куманово, ученици од ООУ,,Светозар Марковиќ" - с. старо Нагоричане и Културно уметничко друштво - Карпош. Нашите ученици се претставија со неколку точко, меѓу кои беа хорот со Светосавска химна, драматизација, беседа за Св. Сава, презентција на видео бим, читање на наградени литературни творби и цртежи од конкурсот распишан од нашето училиште на тема ,,Св. Сава српска понос, принц и светац". Учениците од другите училишта се претставија со неколку Точки, драматизација и народни ора. На крајот Претседателот на српската Обединета заедница им се заблагодари на сите учесници и присутните гости, а на наградените ученици од распишан конкурс им додели дипломи. Одбележување на Светскиот ден на детето Одбележување на Светскиот ден на детето - Децата ги преземаат училиштата ( V-1 одд. при ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово)
Рециклирање на стара хартијаНа 21.9.2017 г. нашето училиште имаше еко-акција „Рециклирање на стара хартија“
Детски литературен фестивал „Ракатки“На 22 и 23 април во Радовиш се одржа детски литературен фестивал „Ракатки“ . Учениците твореа и пишуваа на темата „Имам желба“. Анастасија Богдановска од IX-2 одделение од ОУ „Вук Караџиќ“, Куманово со својот автобиографски есеј се закити со третата награда на Фестивалот на кој учествуваа ученици од целава држава...
http://radiobravo.com.mk/emissions/anastasijabogdanovska04052017/ Трета еду конференција на Пријатели на образованиетоТрета еду конференција на Пријатели на образованието во Хотел Дрим-Струга помина во прекрасното дружење и одличните предавања од образованието на нашите и професори од странство. Нашата учителка Јелена Мандиќ имаше своја постер презентација од најдобрите СТЕМ ученички практики.
Денот на шегата!Нашите креативни ученици носеа прекрасни маски по повод Денот на шегата!
„Св. Сава“ - 27.1.2017 гНа 27.1.2017 г. по повод празникот „Св. Сава“ во училишната библиотека на ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово се одржа ликовна и литературна работилница со цел да се одбележи празникот и да се даде почит кон ликот и делото на светецот и значајна личност од српската историја.
Учениците од I -IX одд. имаа можност да прочитаат лични творби за ликот и делото на Св.Сава, со акцент на поговорките и мудростите што ги кажал светецот. Во вториот дел, учениците твореа на тема „Сакам да има мир и љубов и наместо гнев да научиме да се почитуваме “, мудрост што ја кажал токму Св. Сава. На сите Срби и православни им го честитаме празникот Св. Сава ! Празникот „Св. Климент Охридски“Добредојдовте првачињаИм посакавме добредојде на нашите првачиња 😇. Воедно, им посакуваме среќни и весели училишни денови и многуууу петки 😊
"Недела на детето" По повод одбележувањето на "Недела на детето" беа организирани неколку точки во чест на најмалите првачиња кои беа примени во Детската организација |
8 Септември, Денот на независностаПо повод 8 Септември, Денот на независноста, нашето училиште беше покането да земе учество на манифестација во просториите на Противпожарна заштита во организација на СВР -Куманово, каде што учениците имаа можност да проследат вежби за гаснење на пожар и давање прва помош на повредени.
СРЕЌНО ПРВАЧИЊА!На ден 4.9.2017 година (понеделник) во 08:00 часот во холот на училиштето се одржа свечен прием на првачиња со цел да им посакаме весело добредојде на новите ученици.
Приемот го започна директорката при што им посака топло добредојде на првачињата, а потоа следеа неколку музички точки на учениците од погорните одделенија. На крајот учителките ги повикаа првачињата во нивните училници, а истото го направија и учителките со вторачињата. „Недела на едукација за климатски промени“„Недела на едукација за климатски промени“ која се одвиваше од 22 до 28 април во нашето училиште се организираа и реализираа низа активности со ученици од прво до деветто одделение.
На ден 27 април се реализираше предавање за селектирање, рециклирање и пренамена на отпад, преку гледање на едукативен филм и презентација. На ден 28 април учениците од прво до петто одделение беа вклучени во работилница насловена како „Пишување ЕКО-пораки“ на балони кои истите ги разделија и на луѓето во блиската околина со што испратија силна порака за зачувување на планетата Земја како наш заеднички дом, а воедно придонесоа и за развој на еколошка свест кај граѓаните . Беше спроведена и собирна акција за собирање хартија, пластика и електричен отпад на поставените пунктови во училиштето која траеше цела недела. Детски литературен фестивал „Ракатки 2017“На 22 и 23 април 2017 година по тринаесетти пат, се одржа Републичкиот детски литературен фестивал „Ракатки 2017“, под мотото „Имам желба“. На главната фестивалска вечер што се одржа во Радовиш, настапија триесет и пет наградени ученици од цела Македонија, коишто со своите поетски и прозни творби го потврдија приматот на најдобри детски литерати.
Анастасија Богдановска од IX-2 одд. од ООУ „Вук Караџиќ“ под менторство на професорот Николче Јакимовски го освои III-то место. Честитки и многу успеси на нашата Ana Богдановска Ана Честит Велигден на сите ученици, родители , наставници...за многу години празникот!Св. Сава - „Коло на српските сестри“Денес, нашето училиште имаше чест да биде посетено од Здружението „Коло на српските сестри“, кое по повод Св. Сава им додели книги како награда на најуспешните ученици на работилницата што се одржа на 27.1.2017. Г-ѓа Живка Христовска, претседателка на Здружението, ги награди следните ученици:
За ликовни творби: -Мила Ѓорѓевска, IX-1 одд; -Анастасија Дишановска, IX-2 одд; -Ева Христовска, IV-2 одд; За литературни творби: - Ана Лазаревска, VI-1 одд; -Анастасија Богдановска, IX-2 одд; -Ања Петковска, V-2 одд; Честитки за наградените! Младинскиот камп во Охрид , 15-18.10.2016г.Учениците од ООУ „Вук Караџиќ“, „Наим Фрашери“ и „Толи Зордумис’ со сертификати од Младинскиот камп во Охрид , 15-18.10.2016г. во соработка со Cid Macedonia и ОБСЕ!
Денот на дрвотоЕве како нашите ученици го одбележаа Денот на дрвото :)
Предавање за ликот и делото на Мајка Тереза |
Велигденска изложбаПо повод одбележување на верскиот празник Велигден, учениците од нижите одделенија заедно со своите одделенски наставници од ОУ „Вук Караџиќ“ –Куманово, одржаа мала изложба на велигденски јајца.Секое одделение имаше свој штанд на кој беа изложени велигденски јајца украсени од самите ученици.
|
Светски денови на акцијаВо период од 19.4.2016 до 22.4.2016 година ООУ „Вук Караџиќ“ се вклучи во одбележувањето на „Светски денови на акција 2016“, на покана од Канцеларија на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. За таа цел во нашето училиште во овие 4 дена беше организирана собирна акција на стара хартија и пластика наменети за рециклирање, а на 22.4.2016 беше одржано едукативно предавање на тема „Пластика и пластичен отпад“
|