Текст за дан школе
Манифестација по повод празникот „Св. Климент Охридски“
|
На ден 7.12.2017 г. во училишната библиотека при ООУ „Вук Караџиќ“ – Куманово учениците и нивните наставници со скромна Манифестација го одбележаа празникот „Св. Климент Охридски“, денот на нашиот учител, просветител и личност значајна за ширење на словенската писменост, продолжувач на делото на неговите учители, светите браќа Свети Кирил и Методиј.
Манифестацијата ја започна водителката – ученичка со благодарност до сите ученици кои зедоа учество во конкурсот за правење на стрип за „Св. Климент Охридски“. Меѓутоа, оваа година на Манифестацијата училишната библиотека доделува само три награди и тоа: -прва награда во категоријата одделенска настава за правење стрип (од III-V одд.) т.е. за пишување и цртање на стрип; -прва награда во категоријата предметна настава за правење стрип (од VI-IX одд.) т.е. за пишување и цртање на стрип и -Пофалница за најверен читател за учебната 2016/2017 год. (од III-VIII одд. минатата учебна год.) По доделувањето на првата награда во категоријата одделенска настава за правење стрип следеше мала музичка пауза со песничката „Бушава азбука“ во изведба на V-1 одд. А, по музичката пауза еден ученик се претстави со Беседа за „Св. Климент Охридски“. Следеше доделување на прва награда во категоријата предметна настава за правење стрип и Пофалница за најверен читател за учебната 2016/2017 год. Манифестацијата ја заврши водителката со благодарност за приуството и со надеж за поголема Манифестација идната учебна година. |
„Библиотека и книжарница“
|
На ден 6.12.2017 г. учениците од III одд. при ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово во училишната библиотека имаа предавање на тема „Библиотека и книжарница“.
Најпрвин учениците имаа вежба „Патот до библиотека“ како воведен дел во она што следува. А потоа секој сам работеше на вежбата „Дали сум библиотека или книжарница“. Следеше проверка на напишаното и низ разговор со библиотекарката учениците дојдоа до сознание какви библиотеки постојат и која е разликата помеѓу библиотека и книжарница. При крај на часот учениците добија ливчиња „Ти препорачувам...“, како помош при избор на следна книга за читање. И се разбира најпосле си добија по еден бележник за книга. |
„Развивање на способноста за разгледување, воочување и истакнување на сопственото мислење и став“
|
На ден 27.11.2017 година учениците членови на Училишна заедница при ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово во училишната библиотека имаа работилница на тема „Развивање на способноста за разгледување, воочување и истакнување на сопственото мислење и став.
Членовите на Училишната заедница работеа во 4 групи и тоа: -I група, VI одд., вежба „Самоевалуација“; -II група, VII одд., вежба „Можам да го тренирам мојот мозок“; -III група, VIII одд., вежба „Начин на размислување“ и -IV група, IX одд., вежба „Проблем и решение“. Иако беа поделени во групи секој ученик самостојно работеше на дадената вежба. Целта на оваа работилница беше сите ученици да искажуваат интерес за разгледување; повеќето од половината од учениците да имаат смисла за воочување и една третина од нив да искажуваат сопствено мислење и да градат ставови. По завршувањето на работилницата сите членови на Училишната заедница си добија бележник за книга. |
Прославување на Конвенцијата за правата на детето
|
И учениците од нашето училиште го прославија роденденот на Конвенцијата за правата на детето. #ДецатаГиПреземаатУчилиштата.
На ден 20.11.2017 год., учениците од одделенска и предметна настава при ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово го прославија Светскиот ден на правата на детето. Првин учениците играа игра „Што би направил ти за децата кога би бил моќен?“ Еве некои идеи од учениците: -јас би ги забранил сите превозни средства освен велосипедот и авионот -јас би посадил повеќе дрвја -да нема насилство и малтретирање на децата -да се оди три дена на училиште -би го поделил моето богатство на сиромашните -подобри услови во училиште -сите да се вработат, да имаат дом -да нема војни -да им се почитуваат правата на децата -сите деца да имаат право да наредуваат... Потоа се разговараше за Светскиот ден на детето и колку години има денес Конвенцијата за правата на детето. Во вториот дел од активностите на работилницата учениците цртаа емотикони за Светскиот ден на детето. На крај учениците изведоа и песничка за Светскиот ден на детето. |
„Развивање на смисла за естетика и стилистика“
|
На ден 17.11.2017 година во училишната библиотека учениците од VIII одд. при ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово имаа предавање на тема „Развивање на смисла за естетика и стилистика“.
На почетокот учениците работеа во четири групи и тоа: -прва група вежба „Сложувалка“ -втора група вежба „Не-фикција и фикција“ -трета група „Кој е авторот на сцените“ и -четврта група „Заврти смешна приказна“. Вежбите иако беа различни и водеа од полесно кон потешко,сепак беа доста интересни и соодветни за нивната возраст. Откако ги завршија вежбите меѓусебно се оценија со описни оценки и ја прочитаа „Текстуалната евиденција“ запишана на таблата. За крај им беа поделени ливчиња со помош и идеи при пишување на следни нивни литературни творби и си избраа по еден бележник за книга. |
Литературно читање по повод „Месецот на книгата“ во градинка „Славејче“ - Куманово
|
На ден 15.11.2017 година учениците од ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово заедно со ученици од ООУ „Наим Фрашери“ - Куманово отидоа во посета на градинката „Ангел Шајче“, клон „Славејче“ - Куманово. Повод за таа посета беше одбележувањето на „Месецот на книгата“ кој траеше од 15.10.2017-15.11.2017 год. По тој повод учениците читаа свои творби на тема „Книга“.
Ученици кои читаа свои творби од ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово беа: -Анастасија Масевска, VII-2 -Ана Лазаревска, VII-1 -Андреј Јакимовски, IX-2 -Јована Павловска, V-2 -Ивана Петрушевска, V-1 и -Мартина Хасиќ, IX-1. А ученици од ООУ „Наим Фрашери“ - Куманово кои читаа свои творби беа: -Јон Азири, VII-5 -Мариза Шабани, VII-3 и -Блина Бајрами, VII-3 . Децата се заблагодарија за посетата и ни испеаја нивни научени песнички на македонски и албански јазик, со надеж дека ќе продолжиме со заемно дружење и понатаму. |
„Кој е одговорен за настанокот на книгата“
|
На ден 10.11.2017 година во училишната библиотека учениците од четврто одд. при ООУ „Вук Караџиќ“- Куманово имаа предавање на тема „Кој е одговорен за настанокот на книгата“.
Најпрвин учениците работеа во четири групи и тоа: -прва група вежба „Делови на книга“ (избој) -втора група вежба „Делови на книгата“ (исечи и залепи) -трета група вежба „Кооој е умна книга“ (исечи и залепи) и -четврта група вежба „Делови на книга“ (исечи и залепи). Вежбите иако имаа различна форма и големина, сепак имаа иста содржина. По завршувањето на вежбите, учениците заедно со библиотекарката го прочитаа појаснувањето напишано на табла со цел подобро да се запознаат со поимите: автор, илустратор, преведувач, поет, писател, предговор и поговор. Откако заврши појаснувањето на поимите, добија ливчиња: „Што пишуваат писателите“, „Правење поврзување со текст“ и „Совети со 5 прсти за избор на книга за читање“, кои ќе им користат како помош и како потсетник за понатаму, за кои исто така беше објаснето како да ги користат. И на крај, се разбира, си добија бележници за книга. Важно да се напомене беше тоа што учениците пројавија голем интерес за читање на книги и надвор од лектирните изданија. |
Патронен празник „Вие за нас, ние со игра и песна Ви благодариме“ - учебна 2017/18 г.
|
На ден 07.11.2017 г. во ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово се одбележа Патрониот празник на училиштето. Всушност, училиштето славеше 230 години од раѓањето на нашиот патрон Вук Караџиќ, а воедно прославивме и 72 години од постоење на нашето училиште што го носи неговото име. Меѓутоа, оваа година, нашето училиште имаше уште една причина за одбележување, а тоа беше свеченото отворање на реконструираното училиште со финансиска поддршка на јапонската амбасада.
Свеченото одбележување на Патрониот празник на училиштето го започнаа двајца ученици (конференсие) кои го најавија говорот на нашата директорка г-ѓа Надица Петровска, градоначалникот на општина Куманово г-дин Максим Димитриевски и јапонската амбасадорка г-ѓа Кеико Ханеда. Потоа следеше програмата која свечено ја приредија учениците од II-IX одд. со своите одд. наставници и професори. Програмата беше збогатена со: Вукова химна, македонска и јапонска химна, македонска и јапонска народна музика со училишниот хор и оркестар, ритмички точки, боречки вештини, свирење на кавалче, драматизација, македонско и ромско оро. Откако гостите со озарени лица ја проследија свечената приредба, нашата директорка упати специјална благодарност до јапонската амбасада, до градоначалникот и градежната фирма „Бајдевски“ која работеше на реконструирање на училиштето и им врачи „Благодарница“. Најпосле, по долгоочекуваната најава следеше свеченото отворање на на реконструираното училиште, со сечење на лента и нашата директорка заедно со специјалната гостинка - јапонската амбасадорка, господинот градоначалник и останатите гости го разгледаа училиштето. Јапонската амбасадорка ја испративме со голема благодарност за финансиската поддршка, со која обезбедивме потопли училници, позаштитена, поздрава и поубава училишна средина и со надеж за следна можна соработка. |
Градење и развивање на критички став за вреднување на литературни дела
|
На ден 27.10.2017 година во училишната библиотека учениците од седмо одд. при ООУ „Вук Караџиќ“- Куманово имаа предавање на тема „Градење и развивање на критички став за вреднување на литературни дела“.
На почетокот од часот учениците работеа во три групи и тоа: -прва група вежба „Непознати зборови“; -втора група вежбата „Нефикциски забелешки“ и -третата група вежба „Мој извештај за книга“. Меѓутоа сите заедно пишуваа врз основа на прочитаната минатогодишна лектира „Хајди“. Кога завршија со пишување си ги разменија ливчињата меѓусебно за да видат кој што напишал за да потоа се оценат за сработеното со дадените картончиња за описно оценување. Откако заврши оценувањето, учениците прочитаа на табла како на пример би можеле да разговараат за книги, а потоа добија уште три ливчиња и тоа: За обработка на лектира, За да го разбереш тоа што го читаш и Мени за пробување на книга. Тие ливчиња ги прочитаа на глас и поразговараа со библиотекарката за можни појаснувања, а потоа ги зедоа за дома за да им служат како потсетник и помош при читање на понатамошните лектири и книги по свој избор. При крајот на часот учениците добија бележници за книга кои сами ги избраа. |
Собирна акција на книги по повод „Месецот на книгата“ за учебната 2017/18 година
|
По повод „Месецот на книгата“ учениците од училишната заедница при ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово организираа „Собирна акција“ на книги за училишната библиотека која траеше од 17.10 - 20.10.2017 година. Училишната библиотека се дополни со уште 32 книги од кои 18 се лектирни изданија. А ученици коишто донираа книги за училишната библиотека и си добија „Благодарница“ се:
-Павел Петровиќ, VIII-2 одд. -Ања Петровска, VI-2 одд. -Сергеј Стојановски, V-1 одд. -Јана Петковска, II-2 одд. Ви благодариме ученици! |
XXXIII Oпштински противпожарен квиз
|
На 20.10.2017 година,во ООУ „Вук Караџиќ“-Куманово се оддржа XXXIII Oпштински противпожарен квиз, организиран од Општинскиот противпожарен сојуз нa Куманово во кој учество зазедоа повеќе училишта од градот меѓу кои и ученици од нашето училиште. А поздравен говор одржа и новиот градоначалник.
|
Кампања за подигнување на јавната свест „Дискриминација-не во моето училиште“
|
На 19.10.2017 година во училишната библиотека по трети пат се одржа кампањата за подигнување на јавната свест „Дискриминација-не во моето училиште“, а исто така учениците гледаа и промоција на краткиот анимиран филм: „Сите како едно“. Прадавањето кое го следеа ученици од VIII и IX одд. го држеше Насер Весељи,заменик-народен правобранител на Р. Македонија-Куманово, а беше во организација на општинскиот центар за социјални услуги-општина Куманово.
Претходниот ден, во училишната библиотека, учениците имаа работилница со педагогот и психолог во која одблизу се запознаа со поимот „Дискриминација“, а воедно се најави на учениците и предавањето што следеше. |
Читаме по слики
|
На ден 10.10.2017 година (вторник) во училишната библиотека при ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово учениците од второ одделение имаа предавање на тема „Читаме по слики“.
Најпрвин учениците се запознаа со библиотекарот во училиштето и ја разгледаа библиотеката, бидејќи вторачињата за првпат ја посетија училишната библиотека. А потоа си добија членска книшка од училишната библиотека (бидејќи зачленувањето во училишната библиотека е бесплатно) и пријава која родителите дома треба да ја пополнат за зачленување во градската библиотека. Во главниот дел од часот учениците најпрвин читаа мал текст со сликички, а потоа ги кажуваа годишните времиња по слики за да најпосле читаат приказни по слики. По завршувањето на секоја приказна кажуваа и што научиле од прочитаната приказна. Приказните беа со помал број на слики, лесно видливи и разбирливи со цел да се развие имагинација кај најмалите ученици. По завршувањето на часот учениците добија распоред на часови и ветија дека во иднина сами ќе доаѓаат во библиотека за да си земаат лектири за читање. |
Манифестација за прием на првачиња во „Детска организација“
|
На ден 6.10.2017 год.(петок) се одржа Манифестација за прием на првачиња во „Детска организација“. Учениците од II-V одд. при ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово со своите одделенски раководители имаа подготвено мала приредба за првачињата. На приредбата учениците се претставија со глума, мизички точки и оркестар, со што на првачињата им ја доловија важноста за учество во „Детската организација“.
При крајот на манифестацијата првачињата дадоа свечена заклетва пред да добијат детски пасоши и значки од „Детска организација“.А бидејќи гости ни беа дечињата од голема група од градинката „Славејче“ при Ј.О.У.Д.Г „Ангел Шајче“ ни дадоа подарок изработен од децата и вработените во градинката. |
Одбележување на „Недела на детето“
|
По повод „Недела на детето“ на ден 2.10.2017 година (понеделник) се одржа работилница во училишната библиотека со учениците од V, VII и VIII одд. За време на работилницата учениците си извлекоа секој по едно ливче со „право на детето“ и една задача. Задачите беа: глумење, пишување, истражување и цртање за секое право што ќе биде извлечено од страна на учениците. Според задачите учениците се поделија на четири групи и работеа и индивидуално и групно во зависност од извлеченото право. Работилницата успешно се заврши бидејќи учениците беа прилично заинтересирани за остварување на целта за која беа дојдени, а тоа беше одбележување на „Права на детето“.
|
Запознавање со УДК системот за класификација на научна граѓа
|
На ден 29.9.2017 година (петок) во училишната библиотека при ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово учениците од IX одд. имаа предавање на тема „Главен УДК (унифицирана децимална класификација) систем“.
|
Развивање на читателски и креативни способности на учениците
|
На 21.9.2017 година (четврток) во училишната библиотека при ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово учениците од VI одд. имаа предавање на тема „Добри читатели“.
Најпрвин имаа воведна вежба „Лавиринт“ како да го најдат патот до библиотеката, а потоа на табла им беше објаснето што тие претставуваат за училишната библиотека. Темата „Добри читатели“ на учениците им беше доста позната така што реализирањето одеше прилично лесно. На крај, сите ученици освен ливчето „Потсетник“ за темата за која беа дојдени си добија и бележници за книга. |
Oрганизирана акција вон наставната програма за чистење на отпадот во рамките на училишниот двор
|
На 03.10.2015 година (сабота) во ООУ „Вук Караџиќ“ Куманово беше организирана акција вон наставната програма за чистење на отпадот во рамките на училишниот двор. Воедно за развивање на свест и едукација кај младите беше организиран едукативен час на тема „отпад" . Презентирањето на мобилната апликација за мапирање на отпад преку веб сајтот http://www.ajdemakedonija.mk/ каде може да се внесуваат нелегалните локации за отпад низ Македонија, предвидено е да се реализира на часовите по информатика. Во овие активности беа опфатени 50 ученици како и одговорните наставници, координаторите на еко-проектот, стручната служба и техничкиот персонал
|
Традиционална кујна на Македонија
|