ПЛАН НА EKO АКТИВНОСТИ за учебната 2018/19 година
ЕКО работилница
|
|
Изработка на Еко флаери и налепници
|
|
„Ден на дрвото - засади ја својата иднина“
На ден 2.12.2015 г. (среда), по повод акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, во која учествуваа Министерството за образование и наука и сите основни и средни училишта, во ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово се одржа настава со посебна програма. Според програмата, сите ученици беа поделени во 2 групи и тоа:
- I група ученици од I - VI одд., слушаа едукативно предавање за дрвото (како се засадува, како расте, како се негува...) и
- II група ученици од VII - IX одд., имаа за задача чистење на училишниот двор.
Целта на едукативната презентација беше да се поттикне ЕКО свеста кај учениците. А, видливи резултати од акцијата „чистење на училишниот двор“ беа уреден училишен двор.

„Македонија без отпад“
На 03.10.2015 година (сабота) во ООУ „Вук Караџиќ“ Куманово беше организирана акција вон наставната програма за чистење на отпадот во рамките на училишниот двор. Воедно за развивање на свест и едукација кај младите беше организиран едукативен час на тема „отпад".
Презентирањето на мобилната апликација за мапирање на отпад преку веб сајтот http://www.ajdemakedonija.mk/ каде може да се внесуваат нелегалните локации за отпад низ Македонија, предвидено е да се реализира на часовите по информатика. Во овие активности беа опфатени 50 ученици како и одговорните наставници, координаторите на еко-проектот, стручната служба и техничкиот персонал. |
|