Настава
Според Законот за основно образование, концепцијата за деветгодишно образование и наставните планови и програми изготвени од страна на Бирото за развој на образованието, наставата се остварува според наставните планови и програми за деветгодишно основно образование.
• Наставниот план и програми во основното училиште се изработуваат според трите воспитно-образовни периоди и тоа:
• од прво до трето одделение,
• од четврто до шесто одделение и
• од седмо до деветто одделение.
• Согласно овие програмски документи дејноста на училиштето се остварува според следниве воспитно- образовни подрачја
• Настава по задолжителни предмети,
• Настава по изборни предмети,
• Дополнителна настава,
• Додатна настава
• Воннаставни активности :
- работа со деца со потешкотии во учењето,
- работа со надарени и талентирани ученици
- употреба на ИКТ во наставата
• Целосна разработка на содржината и организацијата на воспитно- образовната работа во рамките на овие подрачја е направена во посебни програми што се однесуваат за работата на одделни стручни органи и тела.
Организација на задолжителна настава
Наставата во училиштето ги опфаќа сите наставни предмети што се задолжителни за сите ученици од прво до деветто одделение според нивната застапеност во наставниот план и програма, а во рамките на утврдениот фонд на часови.
Во училиштето, во учебната 2023/24 година, воспитно-образовната дејност ќе ја реализираат вкупно 33 вработени од наставно – воспитниот кадар и тоа: директор, псохолог, педагог, 21 предметни наставници, 10 одделенски наставници и библиотекар. Сите се со соодветна стручна подготовка и образование.