Проект „ Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“
|
На 28.4.2015 во рамките на проектот „ Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, во ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово се одржа предавање на тема „Здрава исхрана“.
На предавањето беа присутни ученици од осмо одделение со нивниот класен раководител, а предавањето го држеше докторка по општа медицина-родителка на една ученичка. На предавањето се покажа дека учениците имаат пропусти во исхраната т.е. лошо се хранат и затоа е потребно почесто да има вакви предавања. |
Проект, хуманитарната организација „ Коло српских сестара “
На ден 9.4.2015 г. во ООУ „ Иво Лола Рибар “ во село Табановце се одржа работилница „ Сачувати од заборава “ организирана од хуманитарната организација „ Коло српских сестара “.
Во тој проект беа вклучени и ученици од ООУ „ Вук Караџиќ “ - Куманово кои дадоа мал но значаен придонес на таа работилница. Целта на таа работилница беше да се сочуваат старите женски занаети како што се: плетење со две игли, хеклање, везење и други, но и дружење на учениците со надеж за идна соработка меѓу двете училишта. |
|
Работилница „ Истражување на обичаи “ во рамки на проектот „ Мултиетничка интеграција на учениците во образованието “.
|
На 16.3.2015 и 23.3.2015 г. во ООУ „ Вук Караџиќ “ - Куманово се одржа работилница „ Истражување на обичаи “ во рамки на проектот „ Мултиетничка интеграција на учениците во образованието “.
На неа зедоа учество 10 ученици од V одделение од ООУ „ Вук Караџиќ “ - Куманово и 10 ученици од V одделение од ООУ „ Наим Фрашери “ - Куманово со нивните одделенски наставници. Работилницата се состоеше од заеднички активности поделени во два дена. Првиот ден од заедничките акивности учениците меѓусебно се запознаа, се договорија како ќе работат во групи и изработија детелина со свое име. Вториот ден следеше дискусија за традиционални албански и македонски обичаи и истражување на свадбарски обичаи. На крај учениците играа заедно „ пајдушко оро “, „ шота “ и „ ромско оро “. И оваа работилница помина во дружење и меѓусебна соработка. |