МИО
Заеднички активностите со ОУ,,Дитуруја“
Сите учесници (деца со мешан етнички состав – македонци, албанци, и роми) стоеа во круг, и еден по еден секој го кажуваа своето име обично, со нормална висина на гласот. Откако сите го кажаа своето име, децата гости се сместија во училницата каде по случаен пат седнаа во три групи во мешан состав. На почетокот наставниците на двата јазика објаснија дека учениците ќе учат зборови поврзани со денови, месеци и годишни времиња. Прво правилно беа прочитани напишаните зборови на двата јазика, некој од учениците се обиде да ги повтори и правилно изговори зборот на јазикот од друга етничка заедница. Потоа беа диференцирани групите-прва група: ,,Годишни времиња“, втора група: ,,Месеци“ и трета група: ,, Денови во неделата“ Секоја група доби материјал за работа и притоа беше важно што членовите на секоја група се договораа кој ќе пишува, кој ќе чита и надгледува за сите да имаат подеднакво учество во активноста.
Тогаш учесниците започнаа со реализација на поставената задача. Во текот на активностите реализаторите ја следеа работата на секој ученик поединечно и помагаа преку разговор доколку имаше потреба. Учениците добија листови во боја на кои требаше да ги исцртаат своите дланки, исечат , напишат своето име и истите ги залепат на исцртаното дрво. Дрвото со дланки беше истакнато на видно место . |
Час за споделување на заеднички идеи - Заедничка воннаставна активност (секција на информатичари)
|
На 11.02.2016 год. во рамки на проектот „Мултиетничка интеграција на учениците во образованието“ учениците од ООУ „Вук Караџиќ“ и ООУ „Наим Фрашери“ од Куманово, одржаа час за споделување на заеднички идеи во склоп на секција на информатичари. Беше направено истражување и изработени двојазични презентации за програмирање ( Scratch ), и проекти по информатика ( Користење на интернет во денешно време);
Се поттикнува позитивна атмосфера во која учениците меѓусебно се слушаат, слободно го изразуваат своето мислење, заемно се почитуваат и градат меѓусебна доверба. На 18.02.2016 год, учениците од ООУ „Вук Караџиќ“ и ООУ „Наим Фрашери“ од Куманово, одржаа час на кој ги презентираа изработените двојазични презентации за програмирање ( Scratch ), и проекти по информатика ( Користење на интернет во денешно време); Целта на проектот е развивање свест кај учениците за потребата од почитување на другите култури и комуницирање со припадници на другите етнички заедници, меѓусебно запознавање, соработка, градење нови пријателства и намалување на стереотипите и предрасудите за другите. |
|
|
„Мултиетничка интеграција на учениците во образованието“ во дворот на ООУ „Вук Караџиќ“
|
На 30.4.2015 во рамки на проектот „Мултиетничка интеграција на учениците во образованието“ во дворот на ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово се одржа еко акција за уредување на дворот.
Во еко акцијата учествуваа 20 ученици од VI-VII одделение од ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово и 20 ученици од VI-VII одделение од ООУ „Наим Фрашери“ - Куманово со координаторите за еко проектот од двете училишта. Главна еко активност на учениците им беше засадување на зелениот лавиринт во дворот, која учениците ја завршија со заеднички труд. |
„Мултиетничка интеграција на учениците во образованието“ во ООУ „Вук Караџиќ “ - Куманово се одржа еко работилница „истражување на национални кујни и лековити растенија“.
На 30.4.2015 во рамки на проектот „Мултиетничка интеграција на учениците во образованието“ во ООУ „Вук Караџиќ “ - Куманово се одржа еко работилница „истражување на национални кујни и лековити растенија“. На работилницата зедоа учество 2 тима од мешан состав.Прв тим беа 10 ученици од VI-VII одделение од ООУ „Вук Караџиќ “ - Куманово и 10 ученици од VI-VII од ООУ „Наим Фрашери“ - Куманово за да истражуваат за национални кујни.
И втор тим беа 10 ученици од VIII-IX одделение од ООУ „Вук Караџиќ “ - Куманово и 10 ученици од VIII-IX одделение од ООУ „Наим Фрашери“ - Куманово со нивните класни раковдители за да истражуваат за лековити растенија. На средбата учениците презентираа секој по едно лековито растение, а на крајот од средбата се договорија дека на ден на Патрониот празник на ООУ „Вук Караџиќ “ - Куманово ќе имаат поставено штандови со чаеви од лековитите растенија и специјалитети од националните кујни. И оваа еко работилница беше поттик за дружење и меѓусебна соработка. |
|
„Мултиетничка интеграција на учениците во образованието“ во ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово се одржа работилница „Фолклор“.
|
На 25.3.2015 и 29.4.2015 во рамки на проектот „Мултиетничка интеграција на учениците во образованието“ во ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово се одржа работилница „Фолклор“.
На работилницата која се одржа во две средби учество зедоа 10 ученици од V одделение од ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово со нивниот одделенски наставник и 10 ученици од V одделение од ООУ „Наим Фрашери“ - Куманово со нивни одделенски наставник. За време на првата средба учениците вршеа истражување во врска со народни носии и изработуваа делови на народни носии (скутина, марама, украсување на кошули). А на втората средба учениците ги довршуваа деловите на народните носии и играа народни ора. И со учество на оваа работилница учениците имаа можност за другарување и меѓусебна соработка. |
Работилница „Традиционални игри“ во рамки на проектот „Мултиетничка интеграција на учениците во образованието“.
На 17.4.2015, 24.4.2015 и 28.4.2015 во ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово се одржа работилница „Традиционални игри“ во рамки на проектот „Мултиетничка интеграција на учениците во образованието“.
На неа зедоа учество 20 ученици од III и IV одделение од ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово со нивните одделенски наставници и 20 ученици од III и IV одделение од ООУ „Наим Фрашери“ - Куманово со нивните одделенски наставници. Работилницата се одржа во три средби со заеднички активности. На првата средба учениците меѓусебно се запознаваа преку игра и се запознаа со задачата на која треба да работат. Разговараа за нивните омилени игри, се договорија да истражуваат за традиционалните игри-игрите што ги играле нивните баби и дедовци. На втората средба се презентираа откриените традиционални игри, а на третата средба учениците поделени во 4 групи играа 4 различни игри. И оваа работилница помина во меѓусебно другарување и соработка. |
|
Проект „ Мултиетничка интеграција на учениците во образованието “, се одржа креативна работилница по повод одбележување на „ 8-ми Март - празникот на жената“.
|
На ден 09.03.2015 г. во рамките на проектот „ Мултиетничка интеграција на учениците во образованието “, во ООУ „ Вук Караџиќ “ - Куманово се одржа креативна работилница по повод одбележување на „ 8-ми Март - празникот на жената“.
На работилницата зедоа учество учениците од I-III одделение од ООУ „ Наим Фрашери “ - Куманово со нивните одд. наставници и учениците од I-III одделение од ООУ „ Вук Караџиќ “ - Куманово со нивните одд. наставници. Оваа работилница беше убав повод за меѓусебно дружење и развивање на меѓуетничката соработка меѓу двете училишта. |