Решение за избор на најповолна понуда за колективно осигурување на ученици
Соработка
- Соработка со локалната заедница ќе се остварува преку повеќе форми на работа, електронски, усно и ќе пристапиме кон реализација на активности, кои истата ќе ги понуди.
- Соработка со Полициска станица, преку проект за правна социјализација и правна едукација на учениците.
- Училиштето има отворена соработка со бизнис секторот во општината, со повеќе мали и средни претпријатија, преку проектот за претприемништво.
- Соработка со месно население во еколошки проекти на училиштето и Општината. Учество во хуманитарни акции и концерти.
- Според планот и годишната програма училиштето ги следи сите објавени конкурси и покани за натпревари и истите се доставуваат до одговорните наставници, кои ќе ги спроведат преку учество на учениците
- Литературните и ликовните конкурси, посетата на културно- историски споменици, музеи, библиотеки и ликовни колонии ќе бидат посетени според потребите на наставата и по избор на предметниот или одделенскиот наставник.
- Кино и театарски претстави ќе бидат организирани, исто така според потребите на наставата, со избор на кино или театарска претстава од страна на одговорните наставници, соодветно на возраста на учениците.
- Сите овие активности се вградени во програмите на стручните активи.
Континуирано во текот на целата учебна година ќе се одвива соработка со:
- МОН, БРО, ДПИ, - Сектор за основно образование и Секторот за основно образование како дел од општината заради непречено одвивање на образовниот процес, размена на информации, доставување на разни извештаи, помош во работењето и сл.
- Детските градинки во кругот на нашата населба, заради преземање ученици за прво одделение.
- Основните училишта од општината и пошироко заради размена на информации, искуства и заемна помош во работата.
- Средните училишта од општината и пошироко, особено каде што има запишано наши ученици, заради следење на учениците кои учеле во нашето училиште, потврда за запишување, одредени проблеми кај некои ученици и сл.
- Факултети заради стручно усовршување на наставниот кадар, советувања, организирање натпревари и семинари.
- Инспекторат за основно образование, заради утврдување на правилноста во работењето.
- Соработката со CID - Center for Intercultural Dialogue - http://cid.mk
Здравствени организации
- Како и досега, училиштето ќе продолжи да соработува со институциите кои се директно поврзани со грижата за здравјето на учениците
- На соработката со медиумите е промоција на училиштето и се предвидува соработка со ТВ-активности од областа на спортот, културата
- Училиштето располага со училишни флаери за постигнување успеси, упис на првачиња, училишен весник итн, кои се даваат на родителите, на сите првачиња кои се запиушуваат во нашето училиште и таа активност ќе продолжи и понатаму, а ќе биде проширена и со промовирање на училиштето и преку одредени медиуми.
- Училиштето одредува лице за контакт со медиуми, кое ќе има за задача да формира тим и да организира настани и активности, и истите да ги промовира пред медиумите и јавноста. Оваа активност ќе се организира и реализира во договор со сите наставници и Советот на родители.
- Формирањето на Советот на родители по паралелки и Советот на родители на училиштето.
- Учество во планирањето, координирањето и насочувањето на реализацијата на разновидните форми на соработка меѓу училиштето и родителите на учениците, а особено преку Советот на родителите.
- Планирање, подготовка и реализација на општите родителски средби на ниво на училиште.
- Планирање, програмирање и реализација на состаноците со родителите на учениците по паралелки и одделенија и на состаноците на Советот на родители.
- Организирање, координирање и насочување на активностите за информирање на родителите и учениците за животот, работата и постигнатите резултати, проблемите на учениците во училиштето како и вклучување на родителите во подобрување на условите за работа на учениците во училиштето.
- Непосредно учество во реализацијата на формите на педагошкото образование на родителите како и укажување помош во реализацијата на овие задачи од страна на наставниците и другите стручни соработници на училиштето.